16/06/2022 toni

Ученикот Борис Ќаев на едномесечна пракса во национален медиум

Ученикот Борис Ќаев од трета година од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, под менторство на професорот Тони Аврамов е награден со едномесечна пракса во национален медиум во Скопје во текот на летните месеци обезбедена од Институтот за комуникациски студии.

Институтот избра четири ученика од Републикава кои претходно учествуваа на медиумските лаборатории кои беа реализирани од новинарот на МТВ Катерина Топалова која преку практични совети ги пренесе искуствата за создавање привлечна и професионална медиумска содржина.

За време на праксата, практикантите ќе работат под менторство на новинари и ќе научат повеќе за продукцијата на вести и работата во новинарска редакција. Заедно со новинарот-ментор, ќе планираат и произведуваат новинарски содржини за млади што ќе се емитуваат на медиумот и на неговите социјални платформи.

Проектот се изведува со поддршка од УСАИД и во координација со ИРЕКС, со Министерството за образование и наука и со Бирото за развој на образованието.