21/10/2022 toni

Турнир во мал фудбал

Во организација на Средношколската заедница на СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, на ден 17.10.2022 година се одигра турнир во мал фудбал/футсал на интерно ниво со екипи од учениците во училиштето. Настанот се оддржа во спортската сала „26 Април“ а беше поддржан од наставниците по спорт и спортски активности кои истовремено земаа улога на судии на натпреварот.

На натпреварот учествуваа 4 тима составени од 5 ученици кои можеа сами да го пријават своето учество. Натпреварувачкиот дух кај учениците беше видлив на терен а резултатот од натпреварот беше во полза на тимот 1 кој постигна резултат од 6:1.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија поддржува настани кои го промовираат спортскиот дух и ги охрабрува учениците во желбата да продолжат да спортуваат и работат на усовршување на своите спортски вештини.