Цветно разубавување на училишниот двор на СОУ ,, Јосиф Јосифовски “

Вредните раце на средношколците уште еднаш покажаа дека  можат да придонесат за поубава животна околина.

Во саботата, на 14.4.2018 година се спроведе акција за цветно уредување на училишниот двор. Учениците засадија стотина цветни садници и задоволни што ќе го красат училишниот двор ветија дека ќе ја продолжат грижата за нив.

 

Во акцијата се вклучија и директорот на СОУ ,, Јосиф Јосифовски “, професорите по спорт и професорката Мирјана Чамџиќ како одговорна за средношколската заедница.

 

Провери го и ова!

Известување за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“

Почитувани ученици, со оглед на настанатата состојба сакаме да ве информираме дека наставниот кадар од …

Powered by keepvid themefull earn money