10/05/2024 toni

Трето место за ракометната екипа на СОУ Јосиф Јосифовски на Државното првенство

Ракометната екипа на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на Државното првенство го освои високото трето место. Екипата на гевгелиските средношколки во полуфиналниот натпревар изгубија од екипата на СОУ „Никола Карев“, додека пак во натпреварот за освојување на третото место ја победија екипата на СОУ „Нико Нестор“ од Струга.