08/05/2018 СОУ Јосиф Јосифовски

Трето место за Бојана и Магдалена

На регионалниот натпревар по латински јазик  ученичките Бојана Антоновска и Магдалена Тошева го освоија третото место и се пласираа на државен натпревар. Во сабота на 12 мај, ќе учествуваат на државниот натпревар кој ќе се оддржи во просториите на Филозофскиот факултет-Скопје. Ученичките се под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ. Натпреварите се организирани од Здружението на класични филолози Антика.