19/11/2019 Goran Manev

Трето место на државен натпревар „Најдобар бизнис концепт““

SBF ( Solar Bag for Future) изработена од тимот на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија освои 3 место на државниот натпревар „Најдобар бизнис концепт“. Тимот е составен од учениците од IV година: Душко Јанев, Дамјан Сепетовски, Никола Биков, Пепица Јованова и менторите Марија Танева и Јасмина Мицева. Учениците успешно го претставија својот проект во полуфиналето на Машински факултет-Скопје и обезбедија пласман во финалето. Финалето се одржа на 13 ноември во хотел Marriott – Скопје. Честитки за SBF- тимот!