На ден 16.10 во просториите на СОУ “Јосиф Јосифовски”, се одбележа Светскиот ден на храната. Учениците од угостителско-туристичката струка, насока готвач/келнер, под менторство на професорките Ана Камчева и Марина Калкова, приготвија разни закуски (проја, пита со јаболка, тирамису..). Заедно со учениците од општо-образовните струки беше поставен штандот со храната, а парите соберени од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Светски ден на храната







