29/10/2019 Goran Manev

Светски ден на борба против сиромаштијата

По повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата,  Средношколската заедница на СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија предводена од ученикот Лазе Николов организираше хуманитарен базар со цел собраните материјални средства подоцна да бидат донирани таму каде што се најмногу потребни.  Во акцијата учествуваа ученици од втора , трета и четврта година на кои и воедно им се заблагодаруваме за учеството. Хуманоста не познава граници! Координатор на Средношколската заедница е професорката Андријана Џинова, а ментори во акцијата беа професорките Розета Картова и Ирена Никова.