17/04/2018 Goran Manev

Студиска посета на НБРМ

На ден 9.3.2018год. учениците од четврта година гимназиско образование,образовно подрачје комбинација А и трета и четврта година од економска струка беа на студиска посета во Народна банка на РМ. Им беше одржана презентација за начинот на функционирање на платниот систем на Македонија од страна на Зоран Стојчевски од секторот за платен промет. Потоа, ја посетија ковачницата за пари и музејот на пари каде им се објасни за сите пари кои циркулирале на територијата на Македонија.