19/02/2021 toni

Францускиот јазик ми помогна во мојата професија

Марија Џакова, која е по потекло од Стојаково, средно образование завршува во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Кога сега се навраќа на тие години, со задоволство потенцира дека со помош на нејзините професори од средното училиште, таа имала можност да учествува на разни натпреварувања, а во 2006-та година, Марија го освојува првото место на Државниот натпревар по француски јазик.
Ова прво место и овозможува да земе учество на Меѓународна конференција на млади франкофони, за да потоа се запише на факултет во Скопје. Желбата за знаење и изучување на јазици се надополнува со добивањето на стипендија за мастер студии во Брисел, Белгија, каде живее и работи денеска.