На натпреварот по роботика, вештачка интелигенција и електроника ROBOMAC Junior 2022, за ученици од четврта година од средните училишта во Македонија кој се одржа од 30 ноември до 2 декември 2022 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, ученикот Филип Мицевски од СОУ „Јосиф Јосифовски“ освои второ место и сребрен медал . Ученикот се натпреваруваше во категоријата автономна мобилна роботика и доби стипендија за школување на ФЕИТ. Ментор на ученикот е проф. Зоран Филов.
Стипендија за школување за Филип Мицевски
