Континуирано, во изминатите учебни години, се реализираат проектите СПИН и ГЛОБЕ. Истите проекти се реализираа и минатата учебна година, како и проектот Органски кетеринг – подобрување на вештините и способностите во рамки на стандардите на ЕУ во угостителството (ECO-COOK), преку програмата за доживотно учење Леонардо да Винчи“.

Во реализацијата на овие проекти согледани се следните поуки:

• СПИН – успешно е реализирана поголема поврзаност на стручното и теоретското знаење со практична обука, во соработка со локалниот бизнис.

• ГЛОБЕ – следење на климатските промени преку внесување на одредени параметри кои се однесуваат на нашето поднебје, во базата на податоци на ГЛОБЕ.

• Органски кетеринг – подобрување на вештините и способностите во рамки на стандардите на ЕУ во угостителството (ECO-COOK) преку програмата за доживотно учење „Леонардо да Винчи“ – обучување на ученици во полето на гастрономија, туризам и кетеринг со намера органската храна да стане клучен аспект во готварството. Активностите на Проектот овозможуваат трансфер на најдобрата органска храна и сублимирање на органското производство и практична настава во готварството.

Со спроведувањето на одредени инфраструктурни активности како што беа термоизолациона фасада на училишната зграда, реновирање на санитарните јазли на северен дел од училишната зграда на приземје, замена на посточката столарија – врати со нови, на сите училници, промена на подот во кабинетот по информатика и музичкиот кабинет и поплочување на скалите и ходникот од влезот за наставници до наставничка канцеларија се подобри климата на работа и се зголеми заштедата на енергија. Исто така се изврши варосување на целиот внатрешен простор во Училиштето, како и санитарна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Со подобрувањето на климата и почитувањето на правилата од Кодексот на однесување на учениците се намалија неоправданите изостаноци.