04/04/2023 toni

Средношколска априлијада

Средношколската заедница на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија организираше мал настан со кој го одбележи овој ден и го исполни денот на учениците и професорите со забава, музика и смеа. Доброто расположение предводеше низ денот на шегата со многу маски, со забавна музика, игри со натпреварувачки дух и освежителна лимонада. Учениците делеа освежителни лимонади поддржани и приготвувани од пиљара „Кај Кецот“ на сите учесници а исто така и на помалите ученици од ООУ „Владо Кантарџиев“, кои маскирани и подготвени за преставување на своите маски, поминаа низ нашата гимназија. Забавните игри беа од различен карактер: Влечење на јаже, вода – Понг, фрлање прстени, игра со прецизност, игра со баскет, натпревар со прецизност и вештина, водење на топка, вештина, брзина и спретност, прецизно нагаѓање на топка во чаша со определена оддалеченост и уште многу други игри кои спонтано се реализираа. На натпреварите се покажа сплотеноста на учениците за тимска игра, потребата за забава паралелно со желбата за учење, како и докажувањето дека и средношколците, иако повозрасни сакаат ја изразат својата креативност да се маскираат во актуелни ликови со кои ќе се покажат во едно поразлично светло. Истакнувањето на другарството како врвна вредност, натпреварувачкиот дух и мотивираноста да се биде подобар беа главни елементи на овој ден. Забавната игра и денот исполнет со смеа и шеги може да се види од среќните лица на самите учесници. Организатори на настанот се учениците од раководното тело на средношколската заедница, учениците кои изразија желба да помогнат во спроведување и реализација на настанот, во координација со своите професори а учесници на настанот беа учениците од сите класови кои изразија желба да бидат дел од овој настан.