02/05/2019 Goran Manev

СОУ „Јосиф Јосифовски“ го одбележа својот патронат

Со низа настани и културни манифестации беше одбележана 67- годишнината од постоењето на СОУ„Јосиф Јосифовски“ –Гевгелија. Генерации излегоа од училишните клупи создавајќи ја сегашноста, чекорејќи во иднината, генерации кои не само што ја закитија и величеа Гевгелија туку успешно се докажаа промовирајќи ги своите вредности надвор од градот , но и надвор од нашата Република.

На 18.5.2019 год. се одржа изложба на фотографии на тема: „Декоративните елементи на влашката носија во презентација на учениците од литературен клуб „Јоска“.

Вечерта се продолжи со видео – презентација за историскиот развој на СОУ„Јосиф Јосифовски“, и поетско-музичките изведби на учениците под менторство на професорите Александра Ќаева, Тони Аврамов, Бисерка Гунова, Жаклина Атанасова, Даниела Џишева, Виолета Аризанова и Илија Атанасов.

Пред почетокот на поетско-музичките изведби свое обраќање имаше Директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“ г.Цветан Нелоски. „67 години училиштето е диригент на образовните и културните текови во градот. Успесите и постигањата докажуваат  дека учениците и вработените се искрено посветени на работата. Образовните и воспитните цели Училиштето ги остварува преку наставниот процес, а учениците се присутни во сите пори од општественото функционирање на градот.  “  истакна Директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“, г. Цветан Нелоски.

Свое обраќање имаше и и Директорката на збратименото средно техничко училиште од Инџија Михајло Пупин, г-ѓа Драгана Винчич. СОУ„ Јосиф Јосифовски“ во своите контакти и соработки особено се гордее со повеќедецениската соработка со средното училиште „Михајло Пупин“ од Инџија, а доказ за поврзаноста и посветеноста е и учеството на учениците од  Средното техничко училиште Михајло Пупин од Инџија.

На поетско-музичката манифестација учествуваа учениците: Ангела Михајлова, Надица Поповска, Нада Чокова,Тодор Ристов, Ѓорги Темелков,Мартин Костадинов,Димитар Бучков,Викторија Попова,Ана Марија Горгоска,Лазе Николов,Бруно Алчинов,Ѓорги Маџунковски,Ристе Чурлинов, Мила Стојанова,Никола Стојменов, Ѓорги Стамков,Јован Карајанов,Петар Божиновски,Христо Петков, Ванеса Маркова,Атанас Атанасов,Ангелина Несторова,Драгица Бошнакова,Душица Стојковска,Христијан Беќаров,Кристијан Проданов,Валентино Морарцалиев,Љупчо Јанкулов и Благица Ставрова.

На 19.5.2019год. се положи цвеќе на спомена обележјето на патронот – Јосиф Јосифовски.  Пред бистата на Јосиф Јосифовски пригоден говор имаше  професорот по историја Миле Смилков , кој го истакна животниот пат на патронот Јосиф Јосифовски.