28/12/2022 toni

СОУ ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ добитен апликант на повик од РЦФ програма со проект Иновативен тренинг HUB – вештини на иднината

СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија добитник на 507.000 евра грант од Regional Challenge Fund за модерен, еколошки, енергетско оддржлив тренинг центар- HUB доградба и адаптација на пристапна и соодветно опремена работилница за пракса на автомеханичар и машински техничар за моторни возила и опремени канцеларии за пракса на ученици од економската струка; инсталација на фотоволтаични панели за потребите на тренинг центарот; автомобилска тренинг опрема за практична настава, електричен/LPG хибрид ¾ едукативно тренинг возило, алати, дигалка за возила, балансери, авто тренинг табли, компјутерски контролен систем за електрично возило, тренинг опрема за хибридни батерии, дијагностика, осцилоскопи, анализа на издувни гасови, компјутери, принтери, мебел, тренинг софтери и инсталација на HASSP систем и опрема за пракса во кујна и ресторант за ученици од угостителско-туристичката струка обуки за наставници, ученици и ментори од партнер компаниите .

Со задоволство ве информираме дека проектот на нашето училиште “Иновативен тренинг HUB – вештини на иднината“  е одбран за финансирање од вториот повик на RCF (Regional Challenge Fund) – Рeгионалниот фонд за предизвици. Поминавме две фази на оценување, првично 123 апликации од 6 држави од Западен Балкан, меѓу 47 финалисти кои поднесовме целосни проекти, и сме едно од 4-те средни училишта и 2 факултети на национално ниво, а меѓу 27-те конзорциуми на регионално ниво кои ќе бидат финансирани од RCF.

Благодарност до компаниите – наши партнери: Конти Хидро-Пласт, Универзал ППЕВ, А и Б Глобал Логистик, Мото-Пром, АМД Гевгелија за машинска струка, Дием ГП, Дием-Груп и Трио консалтинг за економско-правна и трговска струка и Негорски Бањи и Боко за угостителско-туристичка струка  за целокупната поддршка за време за поднесувањето на проектната апликација и можноста учениците од СОУ Јосиф Јосифовски да добијат дополнителна пракса преку нова тренинг програма.  Благодарност до Општина Гевгелија за поддршката при аплицирањето и нивниот придонес во понатамошната реализација, до Флорит Гевгелија, координаторите Снежана Сарамандова, Александар Делиџаков, професорите од трите струки и сите останати кои беа вклучени во осмислување и изготвување на проектната апликација.

Со овој проект ќе се овозможи значително подобрување на реализација на наставните програми во стручното образование на СОУ Јосиф Јосифовски, квалитетот на наставата, стекнување на специфични вештини кои учениците би ги добиле благодарение на тренинг центарот, современата опрема и програма, а со тоа и подготвување на квалитетен кадар според потребите на нашите компании.

Линк до објавата https://rcf-wb6.org/winning-applicants-of-the-second-call-for-expressions-of-interest/