02/02/2022 toni

Со нов проект ќе се поттикнува меѓуетничката интеграција во образованието

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е добитник на грант во вредностод 30.000 денари, откако аплицираше на Јавниот повик на Министерството за образование и наука за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2021/2022 година. Од 25 средни училишта ширум државата- добитници на грант, СОУ „Јосиф Јосифовски“ е рангиран на високото прво место, а со доделените средства ќе спроведува активности во партнерство со СУГС „Арсениј Јовков“- Скопје, каде наставата се реализира на македонски и албански јазик.
Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности, во кои се негуваат хармонични односи, темелени на почитување на разликите и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.