15/05/2022 toni

Сара Стамкова наградена за литературен есеј

Ученичката Сара Стамкова под менторство на професорката Даниела Џишева од вкупно 170 пристигнати есеи ја освои втората награда на литературниот конкурс на тема “Jас сум пријател на децата во болница”. Учениците коишто учествуваа на конкурсот на дело покажаа колку се вешти со зборови. Емпатијата, љубовта и надежта преовладуваа во стотиците есеи. Тинејџерите покажаа како треба да се биде прав другар на децата во болница.
Есејот на Сара која е прва година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е на тема: „Младешките соништа и желби заробени во свет на болести и војни“.
Натпреварот е организиран од Филолошки факултет ,,Гоце Делчев”- Штип.
Селекцијата на победници ја изврши уредништвото на издавачката куќа „Арс Ламина“.
Наградени се:
1. Јелопи Седеу Нишевиќ
II год. ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”
1. Ана Кристина Стамкова III5
СОУ„Богданци“ Богданци
2. Сара Стамкова I9 клас
Здравствена струка (гинеколошко-акушерска сестра)
СОУ,,Јосиф Јосифовски”- Гевгелија
2. Ана Трпевска
СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“-Скопје
2. Анастасија Анѓеловска IV-11
С.О.У. Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
3. Анѓела Драган
СОУ Гимназија “Кочо Рацин“ – Велес
Клас: III-2
3. Јана Ангеловска ll-7
СУГС гимназија „Никола Карев“ – Скопје