12/04/2021 toni

Регионален  натпревар по физика

На 03.04.2021 година се одржа регионалниот натпревар по физика. Професорите по физика при СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и покрај тешките услови заради пандемијата со Ковид 19 , продолжија со максимална посветеност на работата со талентираните ученици и на промоција  на физиката.

На натпреварот од СОУ„Јосиф Јосифовски“ учествуваа 11 ученици, 8 од прва година и 3 од втора година.

Учениците ги постигнаа следните резултати пласирајќи се на државниот  натпревар по физика:

  1. Драгана Петкова II1 – пофалница
  2. Анастасија Танева I1 – II награда
  3. Ива Цицмиловиќ I3 – II награда
  4. Сандра Шапкарова I1– пофалница
  5. Софија Арнаудова I1– пофалница

Професори -ментори: Сашко Колев, Рамона Панорова, Марија Танева.