13/04/2023 toni

Регионален натпревар по англиски јазик

На 08.04.2023 во ОУ “Владо Кантарџиев “, Гевгелија, се oдржа регионален натпревар по англиски јазик за учениците од основните и средните училишта. Од нашето училиште учествуваа учениците: Јован Оџаков, Лилјана Накова, Димитар Урумов, Александра Василева под менторство на професорот Јован Самарџиев, Филип Аџиниколов и Илија Маркудов под менторство на професорката Емилија Дуганова.

Учениците ги постигнаа следните резултати: Димитар Урумов, Јован Оџаков, Филип Аџиниколов и Илија Маркудов освоија прво место, а Александра Василева и Лилјана Накова, второ место.