01/11/2022 toni

Работилници против насилството во училиштата

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржаа работилниците за наставниот кадар од проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ кој го имплементираат здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“, во соработка со Општина Гевгелија.
Со проектните активности се третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во општината во насока на: препознавање, превенција и постапување во однос на овој сериозен проблем. Планираните активности ќе дадат придонес кон создавање училишни средини без врсничко насилство и со унапредена меѓусебна толеранција и разбирање.
Во проектните активности ќе бидат опфатени 1400 ученици од четирите основни училишта и од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Општина Гевгелија преку интерактивни едукативни работилници. Дополнително ќе бидат спроведени обуки 245 вработени во образовниот процес – 230 наставници и професори (од кои 70 класни раководители) и 15 стручни работници (педагог/психолог). Во средбите за јакнење на меѓусекторската соработка ќе бидат вклучени 10 претставници од државни институции (Општина Гевгелија, ЈУ ЦСР Гевгелија, СВР Гегелија).
Пред одржувањето на обуките со наставниците беа одржани работни средби со раководнитге лица од сите училишта од Гевгелија, одделението за образование и наука при Општина Гевгелија, Центарот за социјална работа и Општа болница од гевгелија
Проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).