25/05/2022 toni

Работилница: Новинарски спринт

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржа еднодневна медиумска лабораторија за подобрување на вештините на средношколците за медиумска продукција, зајакнување на нивното критичко размислување и изразување за различни прашања, како и за нивно ангажирање во (вон)наставните активности.

На работилницата учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија беа под менторство на професорот Тони Аврамов, а беа присутни и ученици од СОУ „Богданци“ од Богданци под менторство на професорката Верица Ризовска.

Медиумските лаборатории беше реализирана од новинарот на МТВ Катерина Топалова која преку практични совети ги пренесе искуствата за создавање привлечна и професионална медиумска содржина.

По медиумската лабораторија, секој ученик треба да испрати тема која смета дека треба да е застапена во медиумите и да наведе како таа медиумски да се обработи. Ученикот/чката може да даде предлог за изработка на различен медиумски производ: мултимедијален производ, ТВ прилог, видео поткаст, видео за социјални медиуми и сл.

Четворица средношколци, чии предлози ќе бидат избрани за најдобри, ќе бидат наградени со едномесечна пракса во национален медиум во Скопје (ТВ или онлајн портал) во текот на летните месеци. За овие ученици/ученички ИКС ќе обезбеди  покривање на трошоците за извршување на праксата. За време на праксата, практикантите ќе работат под менторство на новинари и ќе научат повеќе за продукцијата на вести и работата во новинарска редакција. Заедно со новинарот-ментор, ќе планираат и произведуваат новинарски содржини за млади што ќе се емитуваат на медиумот и на неговите социјални платформи.