16/12/2022 toni

Работилница на тема Зборувам слободно на безбедно место

Во рамки на психолошката акција Денови на психологија 2022 под мотото “Да не го игнорираме слонот во собата – да зборуваме на табу теми” во  ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија, во соработка со НВО “Поддршка” се одржа искуствено едукативна работилница на тема “Зборувам слободно на безбедно место” организирана и под водство на Розита Андонова – лиценциран психолог, психодрама психотерапевт, Димитар Чучанов – лиценциран психолог и Александра Трајковска – дипломиран психолог.

На работилницата беа присутни 30 средношколци од СОУ “Јосиф Јосифовски”. Со работа во група низ социодрама се дојде до увид на која тема средношколците  сакаат да зборуваат на оваа работилница. Во најголем процент се изјаснија за темата “Ментално здравје”, која потоа се разработи на креативен и спонтан начин. Менталното здравје е подеднакво важно како и телесното здравје и од особена важност е да се побара помош од стручни лица кога ќе се јави потреба. Беше презентирано од кого, каде и на кој начин може да се побара стручна помош во врска со менталното здравје.