14/06/2018 Goran Manev

ПЗУ Дентиција Ординација по Општа Стоматологија доделува стипендија за најдобро рангиран ученик од СОУ „Јосиф Јосифовски“ на Стоматолошки факултет – Скопје

ПЗУ Дентиција Ординација по Општа Стоматологија во сопственост на Д-р Рашела Петковска, доделува стипендија во износ од 6000 евра на студент на Стоматолошки факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј “ – Скопје, кој бил ученик во  СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и остварил најдобар ранг на приемниот испит за 2018/2019 година споредбено со  останатите кандидати кои учеле во истото училиште.