15/05/2019 Goran Manev

Прво место за проектот – Одгледување на зачински билки во аквариум аквапоник систем

Тимот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ составен од учениците Ангела Костадинова и Ники Раманчев и менторите Ани Костадинова и Софија Раманчева учествуваа на меѓународниот натпревар на истражувачки проекти од природните науки што се одржа во Истанбул , Турција во организација на едукативната институција МЕФ во периодот од 6-10 мај. На овој натпревар учествуваа училишта од 15 држави распоредени по 10 проекти во 3 области: биологија, физика и хемија, претходно селектирани од 770 пријавени проекти. Проектот – Одгледување зачински билки во аквариум аквапоник систем освои прво место во областа Биологија.