17/01/2019 Goran Manev

Прва дисeминација на проектот „Дигитален маркетинг и готварство“

На 27.12.2018год. ( четврток) во просториите на СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија се одржа првата дисeминација од проектот „Дигитален маркетинг и готварство“ во рамки на програмата Еразмус +. Проектот опфати двонеделна мобилност во Даблин за економско-правна и трговска струка и двонеделна мобилност во Јанина за угостителско-туристичка струка.

Партнер организацијата ДРЛ , претставена преку Дејвид и Френ Бенкс е со долгогодишно искуство во полето на економскиот и социјалниот развој, подобрувањето на бизнис климата и странските директни инвестиции. Преку креативни и интерактивни предавања на главните предавачи Расел Бенкс и Марк Рабатхан ,компанијата „ДРЛ“ им овозможи на учениците да се стекнат со знаења  за предностите од дигиталниот маркетинг,  значењето на методологијата на бизнис моделот Лин Канвас и маркетинг стратегиите при развој на малите и микро бизниси.

Партнер организацијата „Оберон“ претставена преку Теодор Алексиоу, кој воедно е и претседател на гастрономското друштво на Епир е приватна компанија  со долгогогодишно искуство во проекти на ЕУ и деловно консултанство.  Учениците се стекнаа со знаење за традиционална кујна од областа Епир и научија за примената на дигиталните технологии во сферата на готварството и гастрономијата.

Пред почетокот на дисeминацијата директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, Цветан Нелоски имаше поздравен говор при што ја истакна  целта на проектот и ги потенцираше стекнатите знаења на учениците  од сферата на дигиталниот маркетинг и претприемништвото и клучните моменти од влијанието на технолошките аспекти при креирање успешна маркетинг стратегија.

На дисeминацијата присуствуваше наставниот кадар , родителите на учениците инволвирани во проектните активности и заинтересираните ученици  од училиштето.

Концептот на дисeминацијата се состоеше од два дела. Во првиот дел се презентираа знаења за предностите од дигиталниот маркетинг,  значењето на методологијата на бизнис моделот Лин Канвас и маркетинг стратегиите при развој на малите и микро бизниси.

Трите бизнис тима на ученици имаа уникатна можност да ги презентираат своите бизнис идеи креирани по методологијата Лин Канвас и да ги убедат присутните лица во издржаноста на своите бизнис стратегии.

Во вториот дел на дисeминацијата  се презентираа стекнатите знаења за кулинарската уметност и најновите трендови во светот за подготовка на месо, риба и зеленчук на методите како танур печка, подготовка на јагнешко месо на традиционален начин познат како клефтико и подготовка на традиционален божиќен десерт и  леден сладолед или сорбет.

Во рамки на дисeминацијата присутните имаа можност да научат како се подготвува традиционалниот десерт „Исусова постелка“, сорбет и како да се гравира овошје и зеленчук и декорира маса.

Дисeминација заврши со поттикнување на присутните гости за инвестирање во идеите како најголем капитал , а воедно извор на иновација и клучен момент на сите човечки промени и прогрес.

Повеќе фотографии од дисиминацијата се достапни на фејсбук страната на проектот, достапна на следниот линк:

https://www.facebook.com/Project-Digital-marketing-and-cooking-233100417324290/?modal=admin_todo_tour