05/04/2023 toni

Пролетно уредување на училишниот двор

Пролетното уредување на училишниот двор на СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се реализира со поддршка и помош во механизација од ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија. Изминатиот месец беа откорнати самоникнатите грмушки и растенија, а интензивно се работеше на кастрење и средување на хортикултирните растенија и оплеменување на тревникот. Горди сме на нашиот училишниот двор, во кој средношколците се дружат и реализираат активности.