30/11/2022 toni

Пријавување за проектот Girls go circular

Во учебната 2022/23 година продолжува проектот Girls go circular за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Сите заинтересирани ученици кои сакаат да учествуваат во овој проект кој се спроведува онлајн во четврток на 01.12.2022 г., после  часовите да бидат пред просторот пред наставничката канцеларија заедно со професорката Снежана Кичукова да започнат со реализација на проектот!

Проектот има за цел:

  • Затворање на родовиот јаз во дигиталниот и претприемничкиот сектор во ЕУ како што е пропишано во Акцискиот план за дигитално образование;
  • Поддржавање на девојките да влезат во СТЕМ науките и областите на експертиза ориентирани кон одржлив развој;
  • Придонесување за развој на дигитален образовен систем со високи перформанси низ Европа преку дополнување на училишната програма и поддршка на наставниците со материјали и алатки.

Момчињата се исто така добредојдени да учествуваат во проектот во соработка со девојчиња. Имањето мешани групи за учење може да има додадена вредност за проектот, бидејќи ќе придонесе за деконструкција на родовите стереотипи и предрасуди во двете групи, со што ќе придонесе за нашата конечна цел.