02/01/2022 toni

Преку GLOBE гевгелиските средношколци ја проучувааат глобалната животна средина

“GLOBE претставува возбудлива можност за учениците да стекнат поголема свест за еколошките предизвици со кои се соочува планетата и за добивање на вредни научни податоци кои не би можеле да се соберат на друг начин” Сали К. Рајд, Астронаут

Со вклучувањето на професорите Марија Танева, Сашко Колев, Зорица Лешевска, и Снешка Аризанова во GlOBE – програмата СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија стана ГЛОБЕ – училиште и се вклучи во големото семејство на оваа програма во која се вклучени повеќе од 100 земји и над 10 000 училишта.

GLOBE е светска научна и образовна програма, која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците со цел да се проучува и разбере глобалната животна средина. Програмата претставува меѓународно партнерство во кое се инволвирани земји од целиот свет. Програмата ја води Владата на САД преку партнерства со други земји.

СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија е ГЛОБЕ училиште и учениците со своите ментори реализираат истражувања и мерења од повеќе области интегрирани во оваа прграма. Оваа програмата е иницирана во 1994 година од страна на американскиот потпредседател Ал Гор и званично отпочна на 22 април 1995 година на 25 годишнината на Денот на Земјата.

Учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“ прават секојдневни мерењата од областа АТМОСФЕРА и за таа цел во училишниот двор е поставена метеоролошка куќичка со потребните инструменти. Се мери моменталната температура на воздухот како и минималната и максималната температура во текот на едно деноноќие, влажноста на воздухот, атмосферскиот притисок и врнежите. Се набљудува небото, се забележуваат видовите облаци и кондензацијата.

Сите податоци се внесуваат на ГЛОБЕ серверот и преку овие директни мерења учениците  учат како нивните локални откритија, заедно со оние на други ученици и научници од целиот свет, ја дополнуваат сликата за животната средина на земјината топка. Ваквите мерења имаат вистинско научно значење  важно за глобалните визуализации (глобалната свест). Планирани се и мерења од областите ВОДА, ФЕНОЛОГИЈА и ГЛОБЕ ноќе.

Координатор на проектот е професорката Марија Танева додека пак професорите Сашко Колев, Зорица Лешевска, Снешка Аризанова секој од својата област заедно со учениците има задача секојдневно да врши мерења и испитувања.