17/04/2018 Goran Manev

Прекрасно уживање во режија на средношколците од СОУ ,,Јосиф Јосифовски” Гевгелија

На 30.3.2018 год. (петок), во Градскиот театар се оддржа настан кој ги спои креативноста и хуманоста. Средношколците водени од професорката Мирјана Чамџиќ, Вања Манчева и Зорица Лешевска ги покажаа нивните актерски, литературни, танцови и музички вештини. Публиката го изрази нејзиното воодушевување со аплаузи и позитивни коментари.
Воедно, со овој проект младите од ,,Црвен крст” Гевгелија ќе учествуваат во избор на најдобар проект за промоција на хумани вредности.
Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на наша ученичка.