Еразмус+ : Практична обука во Ирска


Во рамки на програмата  „Еразмус +“ на Националната агенција за европски програми и мобилност , СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија успешно ги реализира активностите во рамки на практичната обука на проектот „Дигитален маркетинг и готварство“ во соработка со парнер организацијата ДРЛ од Ирска и Оберон од Р Грција.  Проектот  опфаќа двонеделна мобилност на 22 ученика од економско – правна и трговска струка во Даблин  ( Р Ирска ) и двонеделна мобилност на 13 ученика од угостителско-туристичка струка во Јанина ( Р Грција ).

При мобилноста во Р Ирска учениците  се стекнаа со  знаења за предностите од дигиталниот маркетинг,  значењето на методологијата на бизнис моделот Лин Канвас и маркетинг стратегиите при развој на малите и микро бизниси.

Партнер организацијата „ ДРЛ“  е претставена преку Френ и Дејвид Бенкс  кои имаaт долгогодишно искуство во полето на економскиот и социјалниот развој, претприемништвото, подобрувањето на бизнис климата, странските директни инвестиции, регионализацијата и туризмот.

 

Целта на практичната обука во Р Ирска е учениците да се фокусираат на разликата меѓу традиционалниот маркетинг и дигиталниот маркетинг,  да ја разберат  динамиката на дигиталниот маркетинг и улогата на технолошките аспекти при развивање маркетинг стратегија.

Расел Бенкс и Марк Рабатхан беа главните предавачи  на практичната обука , кои со своето долгогодишно искуство во сферата на претприемништвото и е-бизнисот придонесоа учениците да го разберат концептот и значењето на бизнис моделот Лин Канвас  при развивање маркетинг стратегија и е-бизнис план, како и да научат за улогата и значењето на веб страната и социјалните медиуми при креирањето на маркетинг стратегијата и е-бизнис план.

 Преку креативни работилници и интерактивни предавања, учениците поделени во три тима научија да креираат маркетинг стратегија и е-бизнис стратегија врз основа на методологијата на Лин Канвас со цел да одговорат на барањата на потрошувачите.

Другите предавачи на обуката Алтн Реглек, Ста Енгвениа, Нил О Горман се искусни претпримеачи од различни сфери на бизнисот и преку своите искуства ги објаснија предизвиците на старт ап компаниите, воспоставувањето деловни контакти во претприемништвото, ризичниот капитал, анѓел инвеститорите и предносите  на промоцијата на производите и услугите преку дигиталните технологии.

Во рамки на програмата учениците имаа студиски посети на бизнисите Нејтив ивентс, Бронз арт и Ристорд Хиаринг.Искуствата на претпримачите и нивната приказна до патот кон успехот преку методологијата на Лин Канвас овозможи учениците да ги збогатат знаењата за влијанието на моделот Лин Канвас и улогата на дигиталниот маркетинг при развојот на е-бизнис планот.

Институтот за анимација, дизајн и технологија во Даблин им ги претстави најновите трендови во дигиталниот свет и придонесе за  стимулирање на креативноста, иновативноста  кај учениците при развивање на своите бизнис планови.

Учениците имаа исто така уникатна можност да се запознаат со структурата, организираноста , начинот на функционирање и кариерните можности во Мајкрософт во Даблин. Преку воведувањето во Дримспејс и аугментативната реална активност , учениците научија за иновативните методи и стратегии во развојот на е-бизнис план во Мајкрософт.

Mобилноста опфати  посета на  културолошките аспекти на Даблин,  селцата Хоуф и Бреи. Воедно,  студиските посети во селцата Хоуф и Бреи овозможија да се  анализира значењето на  моделот Лин Канвас преку малите и микро локални бизниси во овие места.

Во рамки на двонеделниот период на практичната обука сите три тима ги презентираа своите бизнис идеи пред своите ментори и предавачи,претставијќи ги клучните аспекти на своите маркетинг стратегии и бизнис план креирани според моделот Лин Канвас.

Покрај знаењето за дигиталниот маркетинг, се усовршија јазичните компетенции,вештините за тимска соработка и се поттикна креативноста и иновативноста кај учениците.

Предвидени се неколку десиминации на стекнатите знаења и вештини од мобилноста во Ирска, кои ќе придонесат да се симулираат клучните аспекти на дигиталниот маркетинг и креирањето на успешна маркетинг стратегија при развој на бизнис.

Фотографии од сите активностите се достапни на фејсбук профил на проектот „Дигитален маркетинг и готварство“, достапен на следниот линк:

Project: Digital marketing and cooking

https://www.facebook.com/Project-Digital-marketing-and-cooking-233100417324290/?modal=admin_todo_tour

 

 

Comments

comments

Check Also

Нови успеси на учениците од СОУ Јосиф Јосифовски по предметот Биологија

Под менторство на проф. Ани Костадинова на државниот натпревар по Биологија освоени се следните награди: …

Powered by keepvid themefull earn money