28/01/2020 Goran Manev

Практична обука во Гран Канарија

Во рамки на програмата  „Еразмус +“ на Националната агенција за европски програми и мобилност , СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија успешно ги реализира мобилностите на учениците и наставниот кадар  од економско -правна и трговска струка и угостителско-туристичка струка во рамки на  проектот „Старт ап бизнис за млади претприемачи и обука за туризам и угостителство“ во соработка со партнер организација од Ирска и Шпанија. Проектот има за  цел усовршување на знаењата на учениците и стекнување на нови вештини за поголема конкурентност на пазарот на трудот како и  интернационализација на училиштето.

25 ученика и шест професори  од угостителско-туристичка струка реализираа двонеделна мобилност во Гран Канарија ( Шпанија ) во периодот од 14.10.2019год. до 29.10.2019год. Канарските острови се едни од најбараните туристички дестинации, со 10 милиони туристи на годишно ниво, а туризмот е главен извор на приход. Партнер организацијата во Гран Канарија е среден бизнис со огромно искуство во полето на туризмот и угостителството со свои угостителски капацитети за ресторантско работење.

Сместувањето во првата недела од престојот беше во хотелските апартмани Tres Vidas, додека сместувањето во втората недела беше во апарт хотелот Monte Feliz. И двата апарт хотели се лоцирани во заливот Bahia Feliz, на Атланскиот океан. Ученциите беа  запознаени со организациската поставеност на хотелот, начинот на организирање на анимациите во хотел (детска анимација, спортска анимација и забавна анимација) начините и техниките на комуникација со гостите како и  организацијата на работа при давање на brunch услуга.

Преку двонеделната практична настава учениците имаа можност да се стекнат со знаења и вештини за организацијата и менаџментот во ресторантското и угостителското работење во реални услови од секоја можна перспектива. Преку директна инволвираност во функционалното работење во ресторантските капацитети на партнер организацијата, учениците имаа можност да научат за предизвиците на шпанската кујна и да ги применат европските стандарди при угосителско послужување на храна и пијалоци.

Учениците се стекнаа со знаења за редоследот на кујнските активности, начинот на работење и употреба на кујнскиот прибор на правилен начин. Во текот на обуката се изврши и секојдневна ротација на учениците задолжени за подготвување на масата за појадок, ручек и вечера и преку тоа се усовршија вештините за организирање на кујнските активности  при ресторанот.

Преку огромната гастрономска понуда на овој регион, учениците научија да приготвуваат традиционални шпански специјалитети инспирирани од оригинални рецепти. Ученциите научија да подготвуваат:

–              Традиционални  топли и ладни предјадења ( Паеља со морски плодови , гаспачо чорба, кралски јајца, омлет од компири, салата азафран, салата Трипикал, салата со авокадо);

–              Морски специјалитети на галициски начин (карпачо од лосос, туна тартар, печена туна,  октопод, лигљи, лосос, риба фула де алтура, ракчиња во маслиново масло, рибја чорба, и морена со додатни прилози)

–              Шпански десерти ( Крем  Каталаниа, штрудла со јаболко и цимет)

–            Подготовка на специјалитети од тестенини (Pasta con Calabacin y gambas)

–              Тортилји и пица со ибериска пршута, шпански

–              Подготовка на шпански пијалоци ( сангриа)

–             Подготовка на коктели