27/02/2025 toni

Посета на Јабланица во рамките на програмата Суперучилишта

Во периодот од 17.02-23.02.2025година,12 ученика од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија присуствуваа заедно со своите професори во посета на УЈ средно училиште Јабланица во збратимената Општина Јабланица, Босна и Херцеговина. Посетата беше остварена во рамките на вториот циклус на програмата Суперучилишта огранизирана од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Европската унија,GIZ и Германската влада.

Нашите ученици заедно со учениците од Јабланица за време на посетата имаа можност да учествуваат на работилници во кои беа опфатени најразлични теми и активности со цел за успешно градење на меѓукултурен дијалог и разбирање.Учениците имаа можност да се запознаат преку групна работа, демонстрации и дискусии,да ја презентираат својата култура и вредности и да се запознаат со културата и вредности на своите врсници од Јабланица.За време на престојот учениците со своите домаќини прво беа примени во Општина Јабланица од страна на градоначалникот со кој разговараа за актуелните теми поврзани со младите во двете општини.Учениците посетија и повеќе значејни знаменитости како Музејот “Битка за ранетите на Неретва”,Бункерот на Тито,во градот Коњиц, градот Мостар и неговите знаменитости , јавната кујна ‘Мерхамет Јабланица”.Како симбол на новото пријателство  беше засадено дрво во училишниот двор,и беа одиграни спортски натпревари во пинг понг,одбојка и кошарка.

Втората размена каде нашето училиште ќе биде домаќин ќе се реализира од 01.04-07.04.2025година.