25/02/2022 toni

Почесна награда за литературните творци

Учениците од СОУ ,,Јосиф Јосифовски” по третпат се наградени со почесна награда на престижниот светски поетски фестивал ,,Замокот на Дуино” во Трст, Р Италија, за училиштен проект со наслов: Носталгија. Оваа година Фестивалот го доживува своето XVII издание, а свеченото доделување ќе се одржи на 19 март 2022, во Трст.
Поетските дела ги оценува меѓународна жири-комисија, а на Фестивалот, во повеќе категории, учествуваат илјадници автори од целиот свет.