11/11/2021 toni

Отворена првата медијатека

ТОНИ АВРАМОВ: ОТВОРАЊЕТО НА ПРВАТА МЕДИЈАТЕКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ТРЕБА ДА НЕ ПОТСЕТИ ДЕКА „КНИГИТЕ СЕ ТИЕ КОИ ЈА БРИШАТ ПРАШИНАТА НА ДУШАТА ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО НА ЖИВОТОТ“

Со скромна свеченост во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ беше отворена првата медијатека, односно библиотечно информациски центар во Гевгелија. Во присуство на вработените и учениците, медијатеката и реновираната библиотека за отворени ги прогласи в.д. директорот Тони Аврамов.
„Денес, рече Аврамов, го отвараме храмот на големата желба-желбата да ја вратиме книгата во нашиот ден, таму каде што припаѓа-во нашите навики. Во нашата жед по неа.
Реновирањето на училишната библиотека и отворањето на новиот простор како медијатеката се предизвик за сите нас да сфатиме дека „книгите ја бришат прашината на душата од секојдневието на животот, и ни го разбиструва погледот не само во сегашноста туку и кон иднината.“
„Ова е само почеток, нагласи Аврамов, на нашето вклучување во осовременувањето на нашата библиотека, и да се обврземе да ја вмрежиме со нејзиниот целокупен книжен фонд од 13.625 наслови, во интернационалниот информациски систем Cobiss.
Инаку, Медијатеката е дизајнирана од Катерина Рамаданова Танушев и Емилија Караколева, а изведувач на проектот е Риви дизајн, под раководство на Виктор Костадинов.
Мислите напишани на ѕидот се дело на ученичките Марија Панева, Пепица Дојчинова, Јована Магдинчева и Нена Стојковска, под менторство на професорката Розета Картова