26/05/2022 toni

Отворен ден: Учи паметно, работи стручно

СОУ ,,Јосиф Јосифовски” – Гевгелија го реализираше Отворениот ден за ученици и ги презентираше своите струки и гимназиското образование пред идните средношколци. Настанот беше посетен од претставници на МОН меѓу кои и Државниот секретар на МОН Анета Трпевска, која за оваа прилика истакна; „Ги советувам учениците секогаш да се водат согласно личните желби, интереси и афинитети, но пред сé предвид мора да ги имаат информациите за тоа какво образование се бара на пазарот на трудот и какви слободни места се нудат“.

Настанот беше посетен од учениците од завршните одделенија од основните училишта, нивните наставници и директори, родители, но и претставници од партнерите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во кои се одвива и ќе се одвива професионалната пракса.

За повеќе, кликни тука