СОУ „Јосиф Јосифовски“ го организираше отворениот ден за полуматурантите коишто ќе се запишуваат во прва година во учебната 2024/2025 година. Учениците од основните училишта од Општина Гевгелија имаа можност да се запознаат со наставните планови и програми и новите можности кои им се нудат.
На поставените штандови, професорите и учениците преку презентации и промотивен материјал, но и практични примери им ги презентираа постојните стручни профили, како и техничките и просторни услови на присутните кои дојдоа на овој отворен ден.
Согласно Планот за учебната 2024/2025 година, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ има 286 слободни места за упис на ученици во прва година средно образование, распоредени во 10 паралелки. Предвидени се 4 паралелки за гимназиско образование, од кои две со настава на македонски јазик и две билингвални – со настава на македонско-англиски јазик, за 136 ученика. Додека, за стручно образование има 150 слободни места, а учениците ќе бидат распределени во 6 паралелки. Односно, по 1 паралелка со по 25 ученика за следниве профили: хотелско-туристички техничар 4. степен, готвач / келнер 3. степен, економски техничар / бизнис администратор 4. степен, забен техничар / фармацевтски техничар 4. степен, машински техничар за моторни возила 4 степен и автомеханичар 3. степен.