08/11/2022 toni

Отворен ден посветен на презентации за автоматско креирање модели, прототипови и готови производи

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Деловен еко-систем како интегриран систем BE IN“,  финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Грција и Р.С. Македонија организираше ОТВОРЕН ДЕН посветен на презентирање на можности за автоматско креирање на модели, прототипови и готови производи преку користење на иновативна технолошка опрема за 3D принтање.

На овој отворен ден присуствуваа ученици од прва година од  СОУ „Јосиф Јосифовски“ од секторот Машинство и имаа можност непосредно да разговараат со експерти во областа на 3D моделирањето, да се запознаат со процесот на изработка на дизајн и производи во 3D формат и користењето на 3D технологијата во иднина во различни области од науката. Преку ова, нашите ученици имаа можност да ги продлабочат своите знаења од областа на техничката комуникација и согледат современите трендови и двигатели во секторот Машинство.