31/08/2021 toni

Организација за првиот училиштен ден во наставната 2021/2022 година

СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија, утре на 1 септември ја започнува наставата со физичко присуство.

Утре ќе се одржат само класни часови и тоа:

  • ученицитге од прва и втора година ќе започнат во 8.00 часот;
  • учениците од трета и четврта година ќе започнат од 9.00 часот.

Наставата секој ден ќе започнува во 8.00 часот, а учениците на училиште доаѓаат од 7.45 до 8.00 часот. Големиот одмор ќе биде меѓу втори и трети час.

На располагање за влез во училиштето ќе бидат 4 влеза.

На следните фотографии се означени училниците на класовите, а боите означуваат од кој влез учениците СЕ ОБВРЗАНИ да влегуваат.

 

За учениците од населените места има организиран превоз.

Превозник „АМИГО“
Миравци 7.15 часот
Давидово
Петрово
Милетково
Смоквица
 
Превозник „АМИГО“
Стојаково 7.30 часот
Ѓавото
Богородица
Селемлија
 
Превозник „Дори“
Прдејци 7.25 часот
Негорци
Кованец
Мрзенци
 
Превозник „ГОКИ“
Стар Дојран
Нов Дојран
Николич
Ѓопчели
Фурка
Црничани
Богданци
 
Превозник „Стефани“
Раброво
Валандово
Пирава
Јосивово
Удово
Балинци
Марвинци
Грчиште
 
Превозник „Путник“
Ново Конско 7.15 часот
Моин

Превозниците „Стефани“ и „Гоки“ лично ќе ги информираат учениците за времегто на тргнување.