27/03/2023 toni

Општински натпревар по англиски јазик

На 18.03.2023 во ОУ “Владо Кантарџиев “, Гевгелија се oдржа oпштински натпревар по англиски јазик за учениците од основните и средните училишта. Од нашето училиште учествуваа учениците Јован Оџаков, Лилјана Накова, Димитар Урумов, Александра Василева под менторство на професорот Јован Самарџиев, Филип Аџиниколов и Илија Маркудов под менторство на професорката Емилија Дуганова. Учениците ги постигнаа следните резултати: Димитар Урумов, Александра Василева и Филип Аџиниколов освоија прво место, Јован Оџаков и Илија Маркудов, второ место и Лилјана Накова, трето место.