30/11/2020 toni

Онлајн средба: Екологија и еколошка свест

СИТ - тимот од СОУ „Јосиф Јосифовски“ продолжува со активности и во време на пандемија со партнер-училиштето „Арсени Јовков“ од Скопје.

На 30.11.2020 година, во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во училиштето, се реализираше првата онлајн средба на СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија со партнер училиштето СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје. На првиот работен ден, се споделија презентации со потребните информации на теми од екологија и еколошка свест како и бонтон на интернет. Учениците изложуваа свои мислења за потребите кои ги наметнува новото време, на сè почести примери за повреди на природата. На средбата беа посочени воведни објаснувања за поимите биоетика, екологија, а потоа и детални презентации за нерационално искористување на природни ресурси, рециклирање и загаден воздух.

На часот, се споделија мислења за спречување на загудувањата предизвикани од човечки фактор, како и предлози за соодветни мерки за нивно надминување. Учениците покажаа креативни решенија, согласност за потребата од подигање на свеста за зачувување на природната основа и менување на навиките. Дискусиите за промените кои може да ги направи младата генерација продолжуваат и утре, а одговорен наставник од СОУ „Јосигф Јосифовски“ е Снежана Арџанлиева Танева.