06/05/2021 toni

Одлични резултати од регионалниот натпревар по англиски јазик

По одржаниот регионален натпревар по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ учениците од  СОУ„Јосиф Јосифовски“ постигнаа одлични резултати.
Учествуваа  6 ученика, по двајца од прва, втора и трета година. Учениците освоија три први и три втори места.
Прво место:
Димитар Урумов I1- ментор Јован Самарџиев;
Мирјана Николова III2 – ментор Јован Самарџиев;
Илија Џотов III3 – ментор Јован Самарџиев;
Второ место:
Александра Василева I2 – ментор Јован Самарџиев;
Дијана Јанкулова II3 – ментор Кристина Пренда;
Никола Нанчев II5 – ментор Кристина Пренда.
Сите ученици обезбедија пласман за учество на државен натпревар по англиски јазик.