05/03/2026 toni

Одличен успех на учениците од економската струка на регионалниот натпревар по дигитален маркетинг

Учениците од IV година Трајче Панев и Кристина Самарџиева постигнаа значаен успех на регионалниот натпревар по дигитален маркетинг, кој се одржа во ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – Скопје.

Натпреварот беше организиран од Здружението Стерна и Занаетчиската комора на Македонија, со цел поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух кај учениците, како и развивање на практични знаења и вештини во областа на дигиталниот маркетинг.

Нашите ученици успешно ги демонстрираа своите знаења, аналитички способности и креативен пристап при изработката на натпреварувачките задачи, со што достојно го претставија училиштето.

Со својата успешна презентација и постигнати резултати, ученичката Кристина Самарџиева се пласираше на државниот натпревар, што претставува значајно признание за нејзиниот труд, посветеност и знаење.

Учениците беа подготвувани и менторирани од проф. Снежана Кичукова.

Им честитаме на учениците за постигнатиот успех и им посакуваме многу среќа и успех на претстојниот државен натпревар.