30/04/2018 СОУ Јосиф Јосифовски

Одбележување на патронен празник

На 27.4.2018год.(петок) беше одбележан патрониот празник на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија.

По тој повод делегација од општина Гевгелија предводена од градоначаникот  м-р Сашо Поцков, делегација на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и делегација од збратименото училиште од Инџија „Михајло Пупин“ положија свежо цвеќе на патронот Јосиф Јосифовски. Цвеќе се положи и на спомен обележјето на Ристо Поп Ристов.

 

Се одржа и свечена беседа на која професорот по историја Миле Смилков ги опиша животниот пат и дејноста на патронот Јосиф Јосифовски.

 

 

Јосиф Јосифовски (1915год.-1943год.)

Во рамки на патрониот празник се одигра и  пријателски спортски натпревар меѓу учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија и збратименото училиште од Инџија „Михајо Пупин“.