Во народниот театар во Гевгелија на 9.6.2022 година се одржа традиционалната завршна манифестација “Од најдобрите за најдобрите“.
На манифестацијата од страна на директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Марија Танева беа доделени благодарници за сите ученици кои учествуваа на натпревари и воннаставни активности.Поздравувајќи ги сите присутни во салата, наставниците, учениците и родителите, директорката Марија Танева им честита на најдобрите ученици и истакна:„Ние, наставниците, веруваме во нивните можности и потенцијалот којшто го поседуваат и затоа секогаш ги учиме и мотивираме и охрабруваме да учествуваат на такви манифестации. Како што рекол Аристотел ‘Корените на образованието можеби се горчливи, но плодовите се слатки’. Затоа, денес се гордееме со одличните резултати, освоените места и награди на нашите ученици.“




