12/04/2021 toni

Од локална стратегија до локална младинска акција

Поттикнати од успешните приказни кои ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ и основните училишта од Гевгелија ги постигнаа со својата заложба во работилниците за планирање и застапување на младинските приоритети пред носителите на одлуки во локалната заедница, во рамки на Проектот,на 28.4.2021 г. ќе се одржи онлајн настан именуван „Од локална стратегија до локална младинска акција“. Целта на овој настан е да се промовираат успешните приказни, но и да се зајакне институционалната соработка помеѓу општините во поддршката на вакви ученички иницијативи и акции.

На средбата ќе присуствува и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Покрај наши ученици на овој настан учество ќе земат вкупно 30 ученици од следните општини: Струга, Свети Николе, Пробиштип, Врапчиште, Долнени, Велес, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп.