17/12/2018 СОУ Јосиф Јосифовски

Обука на тема: „Реализација на наставата-современи технологии,методски пристапи и образовна технологија“

На 1.12.2018год. и 15.12.2018год. во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија се оддржа обука  на професорите  од страна на Бирото за развој на образование на тема: „Реализација на наставата-современи технологии,методски пристапи и образовна технологија.“

Обуката е со цел да подобри иновативниот пристап на наставниците кон наставата во средните училишта со примена на современи стратегии и методи и користење образовна дигитална технологија во функција на наставата и нивниот контунуиран професионален развој.

Впрочем, преку обуката ќе се развијат компетенциите на наставниците со примена на современите стратегии и сценарија на учење и ќе се подигнат кадровските капацитети на средните училиша во функција на создавање иновативни средини.