24/12/2022 toni

Новогодишен хуманитарен базар

На 23.12.2022 год. Учениците од СОУ Јосиф Јосифовски Гевгелија, организираа Хуманитарен новогодишен базар во просториите на училиштето. Заинтересираноста на учениците за давање на свој хуманитарен придонес беше голема, а нивната креативност се покажа преку производите кои ги продаваа на своите штандови. Способноста и вештината на учениците се покажа на дело, сплотеноста и тимската работа придонесе за успешност на самиот настан. Собраните средства од базарот ќе бидат искористени за пакети на учениците кои учат во СОУ Јосиф Јосифовски, од социјално ранливите категории, со цел нивно разубавување на новогодишните празници кои следат во наредните денови.