24/12/2018 Goran Manev

НОВОГОДИШЕН ХУМАНИТАРЕН БАЗАР 2018

Средношколците уште еднаш ја покажаа нивната хуманост и креативност на хуманитарниот базар во организација на Средношколската заедница при  СОУ ,,Јосиф Јосифовски “. Со желба да ги покажат нивните вештини изработија новогодишни честитки и украси, а на посетителите им беа понудени и вкусни слатки и солени задоволства. Средствата од овој базар ќе бидат наменети во хуманитарни цели.