22/09/2022 toni

Нов повик на RYCO за СУПЕРУЧИЛИШТЕ

Предводено од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и германската организација за меѓународна соработка (GIZ) нашето училиште СОУ„Јосиф Јосифовски“ беше покането да  учествува на Информативна сесија за регионална програма за размена на средни училишта „Суперучилишта“.

Повикот претставува можност за СОУ„Јосиф Јосифовски“ , учениците и наставниците и има за цел да го поддржи процесот за помирување, како и интеркултурен дијалог и учење помеѓу учениците и нивните заедници. Средните училишта со оваа програма ќе имаат можност да спроведат училишни размени со партнерско училиште од регионот на Западен Балкан и да учествуваат во програмските активности посветени на градење на нивните капацитети, поврзување и соработка германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH заедно со RYCO

Новопокренатата иницијатива „Суперучилишта“ е дел од мултидонаторски проект кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH заедно со RYCO.

Повикот на RYCO Superschools има за цел да обезбеди основа за создавање силни и одржливи врски помеѓу нашето училиште СОУ„Јосиф Јосифовски“ со средните училишта во регионот и градење долгорочни партнерства. Со учество во оваа иницијатива, средните училишта ќе имаат шанса да аплицираат и,  доколку бидат избрани, да спроведуваат размена од училиште до училиште, како и да учествуваат во активностите на програмата посветени на нивното градење капацитети, вмрежување и соработка.

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) е независно функционален институционален механизам, основан од земјите од Западен Балкан 6 (СБ 6): Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, со цел да го промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во регионот преку програми за младинска размена.

Програмата на RYCO се фокусира на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени. Во извршувањето на својата мисија, RYCO ќе ја покаже својата посветеност на човековите права, човечкотО достоинство и градењето на мир врз основа на взаемно почитување и доверба.

СОУ„Јосиф Јосифовски“ креира и создава, а нашите ученици се тие кои учат и се дружат во заедничките проекти кои успешно се реализираат.