28/09/2021 toni

Нов медија центар во гевгелиската гимназија

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во тек се изведбените работи за Медија центарот. Во состав на центарот ќе функционира библиотеката која целосно ќе се реновира, но предвиден е простор и за читална и простор за презентации, изведување драмски проби но овој простор ќе биде одлично збирно место за релаксација и доедукација.  

Со проектот предвидено е замена на постоечки под со нов, внатрешниот ѕид помеѓу читалната и библиотеката, од страна на читалната ќе биде декориран со ѕиден тапет по целата своја ширина и висина, со лепење на тапетот и на вратата, додека пак од страна на библиотеката се фарба бело. Со овој детал точно ќе се нагласува на која страна од читалната се наоѓа библиотеката. 

 

На спротивната страна пак централно ќе биде поставена сцената, а околу неа на ѕидовите се испишани внимателно одбрани стихови поезија.  По должина пак, на спротивната страна од прозорите ќе има плакари во кои ќе бидат сместени учебниците кои ги користат учениците за време на учебната година.

Медија центарот се очекува да биде завршен кон средината на месец октомври 2021 година.